Свет

Дисконтерите трошат сè повеќе пари за реклами

01 Oct 2019

Според истражувањата на „ЛЗ ритеалитикс“ и „Нилсен“, А-брендовите во Германија ги намалуваат буџетите за огласување, а дисконтерите трошат сè повеќе средства за рекламни цели.

Двете крила на „Алди“ потрошија 92 милиони евра за „заедничко огласување“ во првата половина од годинава. Освен тоа, „Алди норд“ потроши дополнителни 72 милиони евра, а „Алди зид“ речиси 50 милиони евра, така што вкупната сума достигна до 214 милиони евра.

„Лидл“ издвои 185 милиони евра за огласување во првите шест месеци годинава.

Покрај двата најголеми дисконтера, и „Норма“ и „Пени“ дополнително вложуваат во рекламирање.

За разлика од трговците, производителите на стока за широка потрошувачка не објавија значителен пораст на буџетот за огласување во првата половина на 2019 година. Тие вложиле 0,2 отсто повеќе во првата половина на 2019 година во споредба со истиот период лани.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...