„Кока кола“ и УЕФА објавија дека потпишаа договор со кој „Кока кола“ стана официјален спонзор на безалкохолни пијалоци на Европското првенство во фудбал во 2020 година.
Првенството ќе се одржи во 12 градови ширум континентот и така ќе ја прослави 60 годишнината од своето постоење.
Договорот за спонзорство ѝ овозможува на „Кока кола“ да понуди неколку брендови, како што се газирани пијалоци, енергетски напитоци, вода, готови кафиња и овошни пијалоци, во верзии со помалку шеќер или без шеќер.
Имаме долга и богата историја на пружање поддршка за фудбалот на сите нивоа, од училишта за фудбал за деца до светската сцена. Драго ми е што продолжуваме да ја делиме радоста преку фудбалот со милиони навивачи, како и со своите купувачи и партнери. Пред и во текот на натпреварот следната година ќе понудиме најширок асортиман пијалоци што ќе ги освежува тимовите и навивачите ширум Европа, изјави Волтер Сузини, потпретседател на „Кока кола“ за маркетинг за Европа, Блискиот Исток и Африка.
„Кока кола“ го спонзорира Европското првенство во фудбал уште од 1998 година.
„Кока кола“ е совршен партнер за нас, како поради својата долгогодишна соработка со УЕФА, така и поради тоа што умее да ги обедини и да ги зближи луѓето. Ова е особено важно за првенството следната година, бидејќи за првпат ќе го организираме во 12 земји, соопштија од УЕФА.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.