„Кока кола“ склучи партнерство со кинеската компанија за млечни производи „Менгниу“ за заедничко спонзорство на Олимписките игри до 2032 година. Договорот „тежи“ три милијарди долари.
Заедничкиот договор покрива период од 12 години, при што се вклучени: четири летни Олимпијади, две зимски Олимпијади, маркетинг права за Параолимписките игри и маркетинг права за Младинските олимписки игри.
„Кока кола“ е дел од Олимписките игри уште од 1928 година. Нејзиниот претходен договор завршува следната година. „Менгниу“, пак, е најголемиот снабдувач со млечни производи во Кина, Нов Зеланд и Индонезија, со производство од девет милиони тони производи годишно.
Летните Олимписки игри ќе се одржат следната година во Токио.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.