Свет

Нова „зелена“ линија на „Монопри“

02 Apr 2019

„Монопри“ го лансираше новиот еколошки бренд Je Suis Vert (Јас сум зелен), кој вклучува линија производи за домаќинството: детергенти, средства за чистење и производи на миење садови.

Асортиманот е сертифициран со ознаката Ecocert, што значи дека сите мириси што се користени во составот на производите се со природно потекло, додека формулите содржат најмалку 97% природни состојки. Освен тоа, асортиманот ја има и акредитацијата Leaping Bunny, која покажува дека производите не се тестирани на животни.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...