Свет

„Делез“ ја менува локацијата на седиштето

27 Feb 2019

Белгискиот синџир супермаркети „Делез“ го напушта седиштето во Брисел, откако 149 години беше стациониран во главниот град на земјата. Компанијата ќе се пресели во општина Асе, која е позиционирана надвор од Бриселскиот Регион.

Со преселбата на локалниот медиумски гигант – „Де Персгруп“ од Асе во Антверпен, се отвори големата можност за „Ахолд Делез“. Имено, синџирот веќе има свое седиште за логистика во Асе. Во непосредна близина на зградата, „Делез“ ќе ги позиционира одделите за ИТ, човечки ресурси и за маркетинг, а ќе биде преселена и полнилницата за вино.

Сегашното седиште на „Делез“, кое е во западниот дел на Брисел во населбата Моленбек-Сен Жан, следната година ќе биде продадено. Ова е пресврт за компанијата, која е основана во 1867 година во Шарлероа, а веќе во 1871 година е преселена во Моленбек. „Делез“ го менува седиштето непосредно пред обележувањето на 150-годишнината од работењето.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...