Италијанската прехранбена компанија „Барила“ поднесе обврзувачка понуда за купување фабрика за производство на тестенини, во сопственост на конкурентот „Паста Зара“.
Фабриката во Муџија има производствен капацитет од околу 2.800 тони тестенини годишно, и како што велат од „Барила“, има одлична локација за снабдување на европските и на прекуокеанските пазари. Ова купување на „Барила“ ќе ѝ овозможи на ефикасен начин да одговори на зголемената глобална побарувачка за тестенини.
Од компанијата појаснуваат дека понудата не го вклучува Pasta Zara, како и другите брендови и производствени погони. Производствените капацитети во Риесе и во Ровато ќе останат во сопственост на семејството Брагањоло.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.