Германскиот трговец „Едека“ гледа голем потенцијал за пораст на приватните трговски марки.
Уве Кулер за „Либенсмител цајтунг“ (ЛЗ) изјавил дека гледа поголем потенцијал во трговските брендови. Според него, А-брендовите покажуваат слаба иновациска моќ и паѓаат на квалитетот на производите.
ЛЗ наведува: По жестоките преговори меѓу „Нестле“ и „Едека“, позицијата на германскиот трговец останува јасна: брендовите го губат лидерството во областа на иновациите.
Кога станува збор за квалитетот на производите, Кулер е убеден дека приватните трговски марки се секогаш подобри од А-брендовите, со кои се во директен натпревар.
Освен тоа, „Едека“ настојува да ја зголеми и соработката со помалите производители, особено со иновативните стартап-компании. Платформата Foodstarter, преку која „Едека“ им овозможува на различни стартап-компании да соработуваа со групацијата, станува сè попопуларна.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.