Свет

„Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна

18 Jul 2018

Француската малопродажна групација „Ошан" го претстави гласовниот четбот за вино и храна, кој ќе ги советува купувачите врз основа на нивните специфични винарски потреби. 

Купувачите имаат можност на гласовниот асистент да му постават две специфични прашања: Кое вино најдобро се спарува со одредено јадење, односно кое јадење со кое вино оди најдобро? и Кое вино да го изберам за моите гости, според нивните преференции?

Новата платформа, која е достапна на Google Home и преку мобилната апликација Google Assistant, препознава 1.200 референци за вино, вклучувајќи ги сортите од Франција и од Новиот свет, кои ќе бидат соодветни на опциите за јадење и на буџетот на купувачот.

Гласовниот четбот е технологија што што води кон пофлексибилно искуство. Како трговец на новата генерација, сакаме оваа технологија да стане оска на нашата стратегија за повторно откривање на искуството на купувачите, истакнува Клер Коралевски, директорка за корисници и иновации.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...