Свет

За еден месец „Лидл“ ќе отвори девет продавници во Обединетото Кралство

10 Feb 2025

„Лидл“ најави дека планира да отвори девет нови или проширени продавници за еден месец, со цел да ја задржи својата улога како најбрзо растечки трговски синџир во Обединетото Кралство.

Новите продавници ќе ги отворат вратите во Канинг Таун, Престон, Волсал и Вомбурн, додека локациите како Блантаер, Кумбран, Олдбрук, Велс и Вест Илинг ќе бидат проширени и повторно отворени за купувачите по значително инвестирање.

Последниот бран на отварања следи по серијата отварања од декември, кога трговецот на мало отвори  девет продавници.

Како што ја започнуваме новата година, го одржуваме нашиот моментум и отвораме девет најсовремени продавници, обезбедувајќи поголемо и подобро искуство за купување на новите заедници и оние на кои гордо им служиме. По рекордниот Божиќ, кога милиони домаќинства се свртеа кон „Лидл“ овие отворања ја одразуваат растечката побарувачка за нашата незаменлива вредност и квалитет. Ова е само почеток - имаме повеќе отварања само оваа година и едвај чекаме да пречекаме уште повеќе купувачи и лојални и нови, низ нашите врати во следните недели, изјави Ричард Тејлор, директор за развој на „Лидл“ – Обединето Кралство.

Од компанијата нагласуваат дека со новите инвестиции ќе се отворат стотици нови работни места низ државата.

 

 

 

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...