Свет

Обединето Кралство: „Лидл“ ќе го отвори својот прв паб во продавница

05 Feb 2025

„Лидл“ ќе го отвори својот прв паб во продавница во Северна Ирска, откако официјално доби дозвола од Вишиот суд.Според „Скај њуз“, во текот на донесувањето на пресудата, судијата на Вишиот суд ја отфрлил жалбата на друг трговец против плановите за отворањето паб во продавницата во Дандоналд, наведувајќи дека „не гледа добра причина за одбивање на апликацијата“.

Судските документи наведуваат дека „Лидл“, меѓу другото, предлага 45 места за седење пабот, како и посебен простор за купување на „алкохол за носење“. Првично, на дисконтерот му беше доделена лиценца во 2020 година, меѓутоа, веледрогеријата „Филип Расел“ поднесе жалба, тврдејќи дека „Лидл“ не успеал да утврди дали има несоодветен број други лиценцирани објекти во близина на локацијата, како што налага законот за лиценцирање на Северна Ирска.

Меѓутоа, на последното рочиште, судот утврди дека трговецот на мало ја утврдил „несоодветноста“ на локалната понуда на пабови, давајќи му дозвола на „Лидл“ да замени два паба кои претходно беа во оваа област.

Судијата додаде дека „Лидл“ ќе потроши најмалку 410.000 фунти на своите предлози и посочи дека пабот ќе биде лоциран во центар со воспоставени продавници, транспортни капацитети и растечка возрасна популација.

 

 

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...