Свет

САД: „Фереро“ ја презема компанијата „Пауер кранч“

30 Jan 2025

„Фереро“ соопшти дека ја презема компаниајта „Пауер кран“ од групацијата „Био нутришанл рисрч“.

 Возбудени сме да му посакаме добредојде на „Пауер кранч“  во семејството на „Фереро“ и нашето постојано проширувачко портфолио на производи во САД. Квалитетот и внимателната инвестиција што „Фереро“ ја применува во нашето портфолио доведе до успех во нашите категории во сите категории. Со нетрпение очекуваме да ја примениме истата формула во категоријата „beter for you“, почнувајќи со производи од исклучителниот тим на „Пауер кранч“, изјави Мајкл Линдзи, претседател на „Фереро“ за САД.

Основана во 1996 година, „Пауер кранч“ неодамна доживеа силен раст, кој беше поттикнат од неговото портфолио на популарни протеински грицки, вклучувајќи високопротеински вафли и чипс.

Како дел од трансакцијата, „Фереро“ ќе ги преземе канцелариите на компанијата во Ирвин, со приближно 50 вработени кои ќе се приклучат на групацијата.

Оваа аквизиција ја засилува експанзијата на групацијата во производите од категоријата „better for you“, откако претходно во Европа ги презеде брендовите FULFILL и Eat Natural. Во исто време ова е последна од аквизициите кои го зголемија влијанието на компаниајта во САД, откако ги интегрира брендовите на чоколадо Butterfinger, Baby Ruth и CRUNCH, како и брендовите на колачи Keebler, Famous Amos и Mother's.

Се очекува оваа трансакција да биде завршена во следнте недели согласно вообичаените услови.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Пауер кранч“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...