Компанијата „Лидл“ продолжува да ги проширува спортските партнерства преку своето ново спонзорство на фудбалското првенство за жени УЕФА ЕУРО 2025.
Преку партнерството, „Лидл“ сака уште повеќе да ги зближи спортот и навивачите и да ја подигне свеста за активен животен стил и свежа и одржлива исхрана, објави компанијата.
Спортот е важен дел од нашата долгорочна посветеност на здравјето и исхраната. Задоволство ни е да ги поддржиме овие цели преку извонредни настани како што е женското фудбалско првенство ЕУРО 2025 година. Овие натпревари не само што прикажуваат таленти од светска класа - тие ги инспирираат луѓето низ светот да се движат и да водат активен животен стил. „Фудбалот е игра за сите што ги урива бариерите и ги охрабрува луѓето од сите делови на општеството да сонуваат големи соништа, да се вклучат и да останат здрави, изјави Јан Бок, заменик извршен директор на „Лидл“.
Како еден од водечките европски трговци на мало, „Лидл“ е идеалниот партнер кој ни помага да ја пренесеме енергијата и возбудата од фудбалските првенства на УЕФА на уште поширока публика. Среќни сме што го проширивме нашето успешно партнерство со „Лидл“ и заедно ја искористивме моќта на фудбалот за да обезбедиме здрав избор за сите, изјави Гај Лоран Епштајн, маркетинг директор на УЕФА.
Во септември „Лидл“ објави дека станува официјален партнер на УЕФА лигата на Европа и УЕФА Конференциската лига за период од три години, од 2024 до 2027 година.
Преку партнерството со УЕФА ЕУРО 2024, во кое „Лидл“ беше највидливиот бренд за време на турнирот, „Лидл“ достигна повеќе од 16 милиони корисници на апликацијата „Лидл плус“. Исто така, во оваа прилика компанијата на трибините им подели овошје на фудбалските фанови, во вкупна количина од 91 тон.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.