Според податоците на „Адобе аналитикс“ американците за Black friday потрошиле околу 11 милијарди долари во онлајн набавки, што е за 10,2 отсто повеќе од минатата година.
Податоците покажуваат дека Американците за Black friday направиле најмногу онлајн купувања на шминка, производи за нега на кожа и коса, како и блутут звучници и машини за еспресо.
Продажбата на играчки преку интернет е зголемена за 622 отсто во однос на просечната дневна продажба во октомври, додека продажбата на накит е зголемена за 561 отсто, а на домашните апарати за 476 отсто во однос на октомври, се наведува во соопштението, пренесе телевизијата „Еј-Би-Си“.
Во 2023 година американските купувачи потрошија 9,8 милијарди долари на онлајн шопинг за таканаречениот Black friday што беше за 700 милиони долари повеќе од 9,1 милијарди долари една година порано.
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.