Свет

САД: „Хол фудс“ го намалува фрлањето на храна

22 Jul 2024

„Хол фудс“ ја соопшти веста дека склучи деловно партнерство со данската компанија „Ту гуд то гоу“, со цел да се намали фрлањето на храна.

Како дел од ова партнерство, потрошувачите во повеќе од 450 продавници ќе можат да купат одредени прехранбени производи по акциски цени.

Се работи за два вида на производи кои ќе бидат однапред подготвени во посебни ќеси, а се работи за пекарски производи и готова храна.

Цените на ќесите ќе варираат па така потрошувачите ќе можат да купат ќеса со готова храна за 9 долари која инаку би чинела 30 долари, додека ќесите со пекарските проиводи кои инаку би чинеле 21 долар ќе чинат 7 долари.

Овие ќеси потрошувачите ќе можат да ги купат со апликацијата „Ту гуд то гоу“, а компанијата ќе ги извести потрошувачите кога овие ќеси ќе бидат достапни за купување.

Ова партнерство е склучено како дел од пошироката стратегија на компанијата со цел до 2030 година да се намали фрлањето на храна во синџирот на снабдување.

 

Извор: Grocery Dive

Фото:  InStore.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...