„АБ Инбев“ ги најави плановите за инвестирање на 7 милиони долари во својата пиварница во Фаирфилд во Калифорнија.
Ваквите инвестиции ги засилуваат капацитетите на целокупното наше работење со што сме сигурни дека нашата фабрика во северна Калифорнија ќе продолжи да ги произведува производите со одличен вкус, со висок квалитет кои ги задоволуваат потребите на оние кои ги пијат со генерации, изјави Брендан Витворт, извршен директор на „АБ Инбев“.
Пиварницата во Фаирфилд произведува над 20 брендови на „АБ Инбев“, меѓу кои и Budweiser.
Во локацијата која се протега на 170 хектари, стапката на рециклирање не 99%, а 30% од електричната енергија се добива од сопствени извори, како што се соларни панели или ветерниците.
Тековното инвестирање во нашиот објект и надоградбата на инфраструктурата ќе продолжи да ги поддржува можностите на нашата пиварница и ќе го позиционираат да продолжат да го произведуваат најквалитетното пиво во земјата, изјави Натан Марфи, генерален директор на пиварницата во Фаирфилд.
Оваа вест доаѓа веднаш откако компанијата објави дека ќе се инвестира 15,5 милиони евра во модернизација на пиварницата во Форт Колинс.
Извор: „Фудбев“
Фото: „АБ инбев“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.