Свет

Португалија: „Пинго доце“ воведува повеќекратни торбички за леб

09 Jul 2024

Португалскиот трговски синџир „Пинго доце“ ги престави повеќекратните торбички за леб кои се целосно направени од памук.

Во моментов португалскиот трговски синџир на потрошувачите им нуди неколку опции кога е во прашање амбалажата, како на пример: мрежести еко ќеси, памучни ќеси за повеќекратна употреба, ќеси од 60% рециклирана пластика, хартиени ќеси и мрежести ќеси за овошје и зеленчук.

Овие иницијативи со текот на годините придонесе во намалувањето на потрошувачката на пластични ќеси за еднократна употреба и воведување на нови навики кај потрошувачите. Не сакаме да запреме тука. Ќе продолжиме со иновациите и на нашите купувачи ќе им донесеме одржливи и пристапни алтернативи, секогаш земајќи го во предвид влијанието врз животната средина, изјави Филипа Пиментел, директорка за одржлив развој и локално влијание во компанијата „Пинго доце“.

Исто така, „Пинго доце“ е еден од првите синџири на супермаркети во Португалија кои на потрошувачите им овозможува самите да си донесат садови за готовите јадења, деликатеси, риби и пецива.

Во 2022 година, „Пинго доце“ е првата компанија на која Националната комисија за борба против расипување на храната и додели сертификат за „Одржливо производство и одговорна потрошувачка“.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Пинго доце“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...
Најчитано
НОВ БРОЈ НА INSTORE И ВОДИЧ НИЗ КАТЕГОРИЈА
/
MUST HAVE БРЕНДОВИ НА ПОЛИЦА 2023/2024
MUST HAVE БРЕНДОВИ НА ПОЛИЦА 2023/2024
Мапа на трговци 2024, Мапа на дистрибутери 2024
Мапа на трговци 2024, Мапа на дистрибутери 2024