Свет

Шпанија: „Ероски“ го заврши првиот квартал со пораст на продажбата

28 Jun 2024

„Ероски“ пријави дека во првиот квартал оствариле пораст на продажбата за 3,1% односно 1,4 милијарди евра, во однос на истиот период од претходната година.

Сегментот за храна за овој период остварил продажба од 1,3 милиони евра, односно 4,4% повеќе отколку во истиот период од 2023 година, соопштија од компанијата.

 Извршната директорка на компанијата, Роза Карабел, изјави дека завршениот квартал е во согласност со очекувањата на компанијата, додавајќи дека се надеваат дека резултатите на ЕБИТДА ќе бидат постигнати согласно со тие од минатата година.

 Компанијата во минатата година пријави раст на оперативниот профит од 26,9% на 259 милиони евра, додека бруто продажбата пораснала за 6,3%, односно 5,7 милијарди евра.

 Порастот на ЕБИДТА во овој период имала пораст за 18%.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Ероски“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...