Свет

„Ануга“ го лансира саемот за растителни производи „Ануга алтернативс“

18 Jun 2024
Саемот за храна го претстави новитетот - саемот „Ануга алтернативс“, кој ќе се фокусира на производи на растителна основа, како и други алтернативи на месото, како инсекти, алги и печурки.
 
Новиот саем се оечкува да собере повеќе од 1.400 компании ширум светот, вклучително и најмалку 70 германски компании, кои нудат алтернативи на производи од растително потекло.
 
Алтернативните протеини не се краткорочен тренд, туку иднината на храната. Здравиот и одржлив извор на протеини ќе стане суштинска компонента на исхраната на сè поголем број потрошувачи. Пазарот на алтернативни протеини не е поттикнат само од побарувачката на потрошувачите, туку подеднакво и од иновативните технолошки иновации, кои ќе ги истражиме на саемот „Ануга алтернативс“, изјави Јан Филип Хартман, директор на „Ануга“.
 
Како што објаснуваат организаторите, на саемот ќе има вебинари, работилници, како и експерти кои ќе ги презентираат резултатите од најновите истражувања за алтернативни извори на протеини. Покрај тоа, саемот ќе се фокусира и на социјалните аспекти на производството на храна, покривајќи теми како што се етичките набавки, зачувувањето на биолошката разновидност и социо-економските ефекти од префрлањето на исхрана базирана на растенија.
 
Пазарната вредност на алтернативните производи во Германија порасна за 7,8% од 2022 до 2023 година, на 689 милиони долари во 2023 година, додека во април 2024 година беа лансирани 27% повеќе од овие производи во споредба со една година порано, покажаа податоците на „Инова маркет инајтс“.
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...