Свет

Франција: Олимписките игри се значајна можност за трговците и брендовите

14 Jun 2024

Претстојните Олимписки игри во Париз ќе претставуваат „значајна можност“ за трговците и производителите, според новото истражување на агенцијата Circana.

Промената на навиките на потрошувачите кога се во прашање големите спортски настани, особено летните Олимписки игри во Париз, нудат бројни можности и предизвици за брендовите и трговците, рече Ананда Рој, виш потпретседател за стратешки увид во агенцијата.

Истражувањето, кое опфати повеќе од 3.000 испитаници низ Европа, САД и Јужна Африка, покажа дека 24% од потрошувачите веројатно ќе ги променат своите навики за купување за време на игрите.

Како што објаснуваат од агенцијата, игрите најверојатно ќе влијаат на порастот на бројот на тематски настани и неформални собири, што ќе влијае и на продажбата на храна и пијалаци.

Да потсетиме, „Карфур“ е единствениот трговец кој е овластен да продава маскоти за Олимписките и Параолимписките игри во Париз. Меѓу другите спонзори на годинешните Олимписки игри, се издвојуваат и „Алибаба“, „Кока-Кола“, П&Г и „Данон“.

Олимписките игри во Париз ќе зпочнат на 26 јули и ќе траат до 11 август.

 

Фото: „Карфур“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...