Вториот по големина во светот оператор на контејнерски бродови, „Маерск“, ќе продолжи со испраќање на танкери преку Црвеното море, откако коалицијата предводена од САД започнала со поморско обезбедување од нападите Хутите.
Данската бродска компанија „Ап Молер-Маерск“ соопшти дека ќе престане да ги усмерува бродовите околу Јужна Африка, која е долга и скапа рута, односно ќе продолжи да превезува преку Суецкиот канал, после што е покрената коалиционата операција „Просперити Гардијан“, пренесува „Фајнејншл тајмс“.
Мултинационалната операција која САД ја претставиле минатата недела ќе обезбеди сигурен премин на комерцијалните бродово низ една од најважните глобални трговски артерии.
Компанијата „Маерск“ соопштила дека со безбедносната операција ќе го продолжи транзитот преку Црвеното море и додаваат дека во зависност од ризикот би можеле да ја поништат ваквата одлука.
Бизнис: Biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.