Свет

Светските цени на нафтата скокнаа поради конфликтот во Израел

09 Oct 2023

Цените на суровата нафта утринава скокнаа за повеќе од четири долари за барел поради продолжувањето на борбите меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел што започнаа во саботата.

 

Суровата нафта Брент во утринското тргување на азиските пазари се продаваше за речиси 88 долари за барел, а американската нафта WTI за 86 долари за барел, што е зголемување за повеќе од три отсто во однос на цената што беше актуелна на затворањето. на берзите во петокот, пренесува порталот „Оil price“.

Порастот на цената на нафтата уследи по најголемиот напад врз Израел во изминатите години, откако милитантите на Хамас влегоа во земјата по копно, море, па дури и од воздух во раните утрински часови во саботата и ги нападнаа израелските градови.

Цените на нафтата брзо реагираа на влошената безбедност на Блискиот Исток и најверојатно ќе останат чувствителни на промените.

Аналитичарите на банкарската групација Голдман Сакс сметаат дека последните настани би можеле да го одложат нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија, пренесува Блумберг.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...