Свет

„Баерсдорф“ отвори нов производствен капацитет во Лајпциг

04 Oct 2023

„Бaерсдорф“ во присуство на премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер и градоначалникот на Лајпциг, Буркхард Јунг го отвори својот нов производствен капацитет во Лајпциг.

Завршувањето на објектот во Лајпциг следеше по период на изградба од околу две години, наведе производителот на брендот Нивеа.

Во новиот објект моментално работат три производни линии, а наскоро ќе следат уште две.

„Баерсдорф“ во новата фабрика очекува годишно да произведува до 450 милиони козметички производи за целиот европски пазар и извоз.

„Во Германија создаваме капацитети за долгорочен, одржлив раст на нашите брендови во Европа. Новата фабрика се одликува со најсовремена технологија, највисоки еколошки стандарди и единствен, силен тим“, изјави Винсент Варнери, претседател на извршниот одбор на „Баерсдорф“.

Првите дезодоранси произведени во Лајпциг беа пуштени во продажба во првиот квартал од оваа година.

Објектот е речиси целосно неутрален на јаглерод диоксид, бидејќи користи обновлива енергија и биогас за производство на топлина, додаде компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...