„Кока кола ХБЦ“ инвестираше 12 милиони евра во нова линија за производство на повратни стаклени шишиња во рамките на својата фабрика во Еделстал.
Инвестицијата на компанијата е поддржана со грант од 4 милиони евра од австриската Влада како дел од нејзиниот фонд за компаниите за пијалоци и трговците на мало за да се овозможи кружна економија за пакување, соопшти компанијата.
„Кока кола ХБЦ Австрија“ е пионер во воведувањето нови одржливи решенија веќе неколку години и ни е драго што нашиот фокус на инвестиции, иновации и партнерства ни помага да ја исполниме нашата цел за испорака на нашите пијалоци на поодржливи начини, рече Зоран Богдановиќ, извршен директор на Кока кола ХБЦ.
Новата линија ќе го прошири асортиманот на повратни производи во рамките на портфолиото на „Кока кола ХБЦ“, така што сега ги вклучува и соковите Кока кола и Кока кола зеро во стаклено шише од 400 милилитри.
За соковите Фанта и Спрајт веќе е имплементирана повратна амбалажа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.