Свет

Раст на трошоците за работна сила и на платите во ЕУ

19 Sep 2023

Трошоците за работна сила по час во вториот квартал годинава во Еврозоната бележат раст од 4,5 отсто, а на ниво на цела ЕУ од пет проценти, соопшти европската статистичка агенција „Евростат“.

Во исто време, платите по работен час во Еврозоната се зголемиле за 4,6 проценти во споредба со вториот лански квартал, а во цела ЕУ за 5,1 отсто.

 Растот на трошоците за работна сила по час во Еврозоната во секторот „услуги“ на годишно ниво изнесувал 4,8 проценти, во „јавниот сектор“ 4,4, во „градежништвото“ 4,2, а во секторот „индустрија“ од 3,9 отсто.

На ниво на цела ЕУ, пак, годишниот раст на трошоците за работна сила по час во секторот „услуги“ бил 5,2 отсто, во „градежништвото“ 4,8, а во „јавниот сектор“ и во „индустријата“ од по 4,7 проценти.

Најголем годишен раст на платите по работен час во периодот април-јуни 2023 година имало во Унгарија од 17,3 отсто, пред Словенија и Хрватска со по 14,5, Романија 14,4 и Бугарија од 14,2 проценти. Раст од над 10 проценти е регистриран и во Полска од 13,3, во Естонија од 13,1, Литванија 12,4 и Летонија од 12,3 отсто.

Од друга страна, најмал раст на платите по работен час има на Малта од 2,1 отсто, пред Италија од 2,4, Данска од 2,7, Португалија од 3,3, Шведска од 3,5, Германија од 3,8 и Франција од 4,4 проценти.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...