Компанијата за брза испорака „Гетир“ објави дека ќе го напушти францускиот пазар.
Според француските медиуми, турската компанија ја напушта Франција бидејќи ја смета земјата „премногу административно рестриктивна“ и во моментов бара купувач за „цело или дел од своето работење во Франција“.
Според извештаите, „Гетир“ вработува околу 1.800 луѓе во Франција со договори на неопределено време и на определено време, чија иднина во моментов е неизвесна.
„Гетир“ почна со работа во Франција во 2021 година, но неговото работење беше погодено од одлуката на француската влада да ги дефинира т.н dark store што „Гетир“ и другите ги користат за испорака како магацини, а не како малопродажни места. На овој начин се промени начинот на кој општинските власти го регулираат работењето на овие компании.
Претходно, ривалот „Флинк“, исто така, ги објави плановите за излез од Франција, наведувајќи слични проблеми.
Се вчитува следна вест...