Свет

Трошоците за транспорт се враќаат на ниво пред пандемијата?

15 Feb 2023

Тим аналитичари на британската банка соопшти дека трошоците за достава најверојатно ќе паднат под нивоата од пред пандемијата или во најдобар случај, на нивоата од пандемијата, со оглед на моменталните трендови.

Како што пренесуваат светските медиуми, транспортната индустрија по рекордните профити од времето на пандемијата ќе доживее остар пресврт, а бродските компании кои само во третиот квартал од минатата година остварија профит од речиси 60 милиони долари, сега ги користат парите за зголемување на капацитетот и за купување нови бродови. 

Аналитичарите сметаат дека покрај тоа што падот на цените на доставата би бил добра вест за американската инфлација, која останува над поставената цел на федералните резерви од 2 отсто, тоа исто така би можело да предизвика голем притисок врз индустријата позната по тоа што се движи по линија од процут до крахирање. Тие нагласуваат дека заработката од контејнерските линии може да биде многу нестабилна со оглед на трошоците на транспортот за поединечни пловила.

Извор: ekapija 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...