Свет

(ВИДЕО) Нов сок од Pepsi за фановите на фудбалот

25 ное 2022

Нов сок со мускатно оревче е дел од најновата кампања на Pepsi по повод Светското првенство во фудбал. 

Во рамки на кампањата, брендот претстави и видеореклама која ги слави фудбалот и фудбалерите. Во спотот што трае нешто повеќе од две минути можат да се видат многу познати фудбалери како што се Меси, Погба и Роналдињо. 

Ова е една од моите омилени Pepsi кампањи на кои досега сум работел! Се е сосредочено на фудбалски трик кој е „кул“ и забавен - две работи што најмногу ги сакам. Ако сте жедни за успех, мора да ризикувате. Ова видео е за сите со тој жеден начин на размислување, кои се подготвени да заиграат и да прават возбудливи работи, изјави Погба.  

 

Откако проектот го фокусиравме на еден од најлукавите потези во фудбалот, имаше совршена смисла да истражиме можности за создавање вкус во ограничено издание што го направи проектот целосен. Од цреша, до лимета и мускантно оревче, сакаме да ги поместиме границите на вкусот. Оваа кампања има за цел да ги поврзе потрошувачите ширум светот кои ги поврзува љубовта кон забавата, соопштија од Pepsi. 

Новиот сок ќе биде достапен во ограничена количина ширум Велика Британија. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...