Свет

„Хенкел“ очекува помал профит поради зголемените трошоци

12 мај 2022

Компанијата „Хенкел“ очекува помал профит оваа година поради растот на цените на суровините и дополнителните логистички трошоци.

Производителот на стоки за широка потрошувачка сега очекува профитна маржа во опсег од 9 до 11 отсто. Претходно групацијата имаше поставено таргет за маржа на ЕBITA (профит пред камати и даноци) од 11,5 до 13,5 отсто.Се очекуваат дополнителни трошоци од околу 2 милијарди долари, соопштија од „Хенкел“. 

Компанијата сега очекува зголемување на цените на материјалите за околу 15 отсто. 

Ефектите од глобалната криза со Ковид - 19 и екстремно напнатата ситуација на пазарите на стоки и глобалните синџири на снабдување се влошени со војната во Украина. „Хенкел“ има намера да одговори на зголемените трошоци со зголемување на цените и мерки за ефикасност. Тие не можат целосно да ги надоместат зголемените трошоци, се вели во соопштението.

Како и „Хенкел“, целиот сектор на стоки за широка потрошувачка се бори со растечките цени и страда од проблеми со синџирот на снабдување. Војната во Украина ги зголемува и трошоците за енергија. Дополнително, повлекувањето од Русија има негативно влијание врз извештајот на германската компанија. Во средината на април, среде агресивната војна, „Хенкел“ ја прекина работата во Русија по долг период на двоумење. Производителот на брендот Persil инвестираше во Русија како ниедна друга групација - генерира 5 отсто од приходот на групацијата таму, околу 1 милијарда евра, а има 2.500 вработени во единаесет фабрики.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...