Свет

„Баерсдорф“ го стопира огласувањето во Русија

18 Apr 2022

„Баерсдорф“ ги сопре вложувањата во маркетингот во Русија поради војната во Украина, но ќе го задржи своето работење во земјата, бидејќи компанијата смета дека нејзините производи служат за задоволување на основните потреби на потрошувачите. 

Германскиот производител на производи за лична нега исто така сака да избегне губење на пазарните позиции на своите брендови, што е нешто за што „Баерсдорф“ има долга болна историја, додека влијанието на војната врз Украина не е многу значајно за работењето на компанијата, им рекол извршниот директор на акционерите за време на годишното собрание, пренесуваат странските медиуми. 

„Баерсдорф“ забележа раст на продажбата од 9,7 отсто, на 7,6 милијарди евра во 2021 година, што е резултат на бројните ветувачки стратешки чекори што ги направи компанијата во овој период. Пријавената продажба е 7,6 милијарди евра во истиот период

Конкурентот „Хенкел“ претходно исто така најави дека ќе ја продолжи работата во Русија, при што ќе ги сопре сите инвестиции, рекламирања и предвидени спонзорства. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...