Свет

„Дивела“ ќе продава удел во компанијата?

30 Sep 2021

Сопствениците на италијанскиот бренд тестенини Divella ја разгледуваат можноста за продажба на 30% од уделот во компанијата на стратешки партнер.

Имено, раководството на компанијата има намера да ја зајакне позицијата во земјите со ниска потрошувачка на тестенини.

Италијанскиот пазар е во застој, мора повеќе да работиме во странство. Од таа причина, подготвени сме да ја разгледаме опцијата за склучување стратешко партнерство со некој што може да помогне во продажбата на нашите производи во Америка и во Кина, изјави Винченцо Дивела, извршен директор на групацијата.

Тој додаде дека веќе ја разгледуваат можноста за почеток да продадат 30% од уделот во „Дивела“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...