Свет

„Ошан“ ја лансираше услугата Pick & Go

14 Sep 2021

Трговскиот синџир „Ошан“ во Португалија ја претстави новата услуга за преземање прехранбени производи, наменета за урбаните потрошувачи што бараат брзина и едноставност.

Засега се достапни два пункта Pick & Go во главниот град Лисабон. Услугата им овозможува на купувачите да пазаруваат преку интернет, а потоа нарачката да ја преземат истиот ден од 12 до 20 часот на двете места за преземање.

Во текот на септември услугата ќе биде бесплатна, а од 1 октомври ќе чини 1,9 евра, без оглед на минималната вредност на нарачката.

Потрошувачите преку е-продавницата на „Ошан“ имаат избор од повеќе од 40.000 производи од различни категории, вклучувајќи храна, средства и производи за домаќинството и за декорација итн.

Во случај на поврат на нарачката, производите мора да бидат вратени на локацијата од каде што се преземени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...