Свет

„Окадо“ лансира 100% рециклирачка амбалажа за јаболка

25 Aug 2021

Е-трговецот „Окадо“ воведе целосно рециклирачка картонска амбалажа за три најпродавани сорти јаболка.

Со тој потег, трговецот на годишно ниво ќе заштеди речиси 12 тони пластика.

Како што соопштуваат од „Окадо“, јаболката Pink Lady, Golden Delicious и Granny Smith отсега ќе бидат спакувани во нова картонска амбалажа.

Нашиот тим вредно работи на развој на иновации во пакувањата за широк асортиман производи. Посветени сме на тоа да бидеме наодржливиот трговец со прехранбени производи и целосно сме ангажирани во таа насока, изјави Даниел Костиган, директор на секторот за одржливост во „Окадо“.

Трговската компанија се обврза дека ќе достигне нулта емисија на штетни гасови до 2040 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...