Свет

Се продава британскиот синџир „Морисонс“

23 Aug 2021

Британскиот синџир супермаркети „Морисонс“ е во искушение да ја прифати понудата од 7 милијарди фунти (9,54 милијарди долари) од американската приватна инвестициска група ЦД&Р), со што ја отфрли пониската понуда од 6,7 милијарди фунти од конзорциумот предводен од „Форбанк инвестмент груп“ (дел од „Софтбанк“). 

Одборот на директори на компанијата има намера едногласно да ја препорача повисоката понуда. 

„Морисонс“ е четвртиот најголем трговски синџир во Велика Британија. Од мај досега одби пет понуди за преземање. 

Британските малопродажни синџири на високо конкурентниот пазар со ниски цени се борат со подемот на купувањето преку интернет и конкуренцијата од германските „Алди“ и „Лидл“, иако подобро се справуваат со пандемијата отколку другите трговци.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...