Свет

„Перони“ ќе го произведува Kozel во Италија

14 мај 2021

Чешкиот бренд пиво Kozel ќе биде дел од портфолиото на пиварницата „Перони“ во Италија.

Во оваа земја Kozel ќе се произведува во пиварницата во Падова, во двете варијанти – премиум лагер и темен лагер, пренесува италијанска „Ла република“.

Пивото Kozel е присутно во 48 земји, при што вкупно се продаваат 4,5 милиони хектолитри на годишно ниво.

Сегментот премиум лагери има удел од 30% на пивскиот пазар во Италија и е најбрзорастечка категорија. Интернационалните брендови лагери во 2019 година оствариле продажба во износ од 613 милиони евра.

Лансирањето на брендот Kozel е само еден од стратешките потези за пораст на „Перони“ во Италија, се наведува во соопштението на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...