„Амазон“ најави вложувања во девет нови проекти, кои подразбираат користење на ветерот и соларната енергија. Новите вложувања се планирани во САД, Канада, Шпанија, Шведска и Велика Британија.
Компанијата веќе користи обновливи извори преку 206 свои проекти, вклучувајќи сончеви електрани на покривите на своите складишта ширум светот. Трговскиот гигант до 2025 година сака целата енергија да ја добива од обновливи извори.
Крајната цел на „Амазон“ е до 2040 година да стане јаглерод - неутрална компанија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.