Рецензиите на онлајн-производите стануваат помалку реални
09 Mar 2021
Британската организација за заштита на потрошувачите предупредува на бројни платени и лажни рецензии на производи, особено кога станува збор за инфлуенсери.
Претходно беше зборувано за тоа дека инфлуенсерите фалат сè затоа што го добиле производот бесплатно. Ретки се оние што навистина ќе пофалат нешто што вреди и е добро, затоа што тие самите го користат и дека ќе критикуваат производ што не е таков каков што очекувале.
На сето ова му претходи трендот дека пред да купат нови производи, повеќето луѓе прво проверуваат што мислат корисниците на интернет за тоа. Многу луѓе донесуваат конечни одлуки за купување врз основа на рецензиите од новинари, блогери и инфлуенсери, односно врз основа на коментари објавени на форуми и разни страници. Прашањето е колку може да им се верува на ваквите рецензии денес?
Според британската организација за заштита на потрошувачи „Which?“, треба да се биде многу внимателен кога се читаат такви рецензии и коментари, а дефинитивно се препорачува детална анализа на интернет и пребарување на повеќе извори на рецензии пред да се донесе одлуката за купување. Причината се лажните рецензии кои се продаваат преку интернет поради кои може да се создаде погрешен впечаток за одредени производи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.