Свет

„Барила“ го купи Catelli за 100 милиони евра

03 Feb 2021

Италијанската групација „Барила“ ја завршува аквизицијата на брендот суви тестенини Catelli, кој работеше во рамки на шпанскиот концерн „Ебро фудс“. 

Вредноста на аквизицијата изнесува околу 100 милиони евра. 

Со тоа, „Барила“ ќе преземе три брендови од овој производител и неговата фабрика во Монтреал, зајакнувајќи го така своето присуство во Северна Америка. 

Со синергија на нашите деловни стратегии, определби и вредности, сметаме дека аквизцијата на Catelli Pasta е природен пат за ширење на нашето работење, соопштија од „Барила“.

До 2024 година италијанскиот гигант планира да спроведе уште 10 инвестиции во вкупна вредност од милијарда евра, во производството на тестенини и на сосови од патлиџан. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...