Свет

Недостаток на бродски контејнери ја крена цената на превозот

25 Jan 2021

Критичен недостаток на бродски контејнери ја крена цената на карго-транспортот и предизвика доцнење на испораката на стоката купена во Кина. 

Пандемијата и неизедначениот глобален економски развој доведоа до овој проблем прво во Азија, но погодени се и други делови од светот. Во декември, цените на бродскиот карго транспорт „скокнаа“ за 264 отсто за рутата од Азија до Северна Европа, во споредба со 2019 година. Цената, пак, од Азија до западниот брег на САД е зголемена за 145 отсто во споредба со годината претходно. 

Пораснаа и цените од САД иако не толку драматично колку превозот од Кина. Причината е што Кинезите инсистираат на тоа да вратат празни контејнери во својата земја, па на американските извозници им е тешко да обезбедат контејнер. Три од четири контејнери се враќаат празни од САД во Азија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...