Свет

„Алди“ ќе затвори четири регионални компании во Германија

22 јан 2021

„Алди“ во следните две години ќе затвори четири регионални компании во Германија, за да ги намали трошоците и да ја изедначи логистичката структура на компанијата. 

Затворањето ќе почне во јуни, а ќе заврши во 2022 година. Овој процес ќе резултира и со откази-околу 650 работници би можеле да останат без работа. 

Од „Алди“ соопштија дека се свесни за одговорноста, па веќе бараат можности за алтернативно вработување на работниците чии работни места ќе бидат погодени. 

По затворањето на четирите единици, „Алди“ во Германија останува со 24 работни единици, а сестринската малопродажба „Алди норд“ има 28 единици. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...