Францускиот трговец „Ошан“ во Португалија претстави нов бренд на вино Bando. Линијата опфаќа 20 видови вино од пет различни португалски провинции.
Трговецот планира да го прошири портфолиото на приватни трговски марки на десет вински региони, а на етикетите на вината ќе има симболи на птици карактеристични за одреден регион.
Во рамките на понудата се наоѓаат вината Alvarinho, TintaRoriz, Touriga Nacional, Alicante, Trincadeira, Syrah, Cabernet Sauvignon и Castelão. До крајот на годината категоријата на ПЛ вина на „Ошан“ ќе бидат дополнети со мускат и со пенливи вина, а производите ќе ги извезува и во други земји каде е присутен францускиот трговски синџир.
„Ошан“ новите вина ги понуди и на интернет-страница, а цените се движат меѓу 1,69 и 5,79 евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.