
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Звијезда“, која работи во рамките на „Жито група“, по повод одбележувањето на 110 години постоење стана партнер на мултимедијалната изложба Van Gogh Alive Zagreb.
Партнерството е остварено во годината кога „Звијезда“ ја одбележува својата 110-годишнина, а се темели на заедничкиот симбол на сончогледот, кој зазема важно место во идентитетот на брендот и во творештвото на познатиот холандски сликар.
Серијата слики „Сончогледи“ на Винсент ван Гог е едно од неговите најпрепознатливи уметнички остварувања, додека сончогледовото масло на „Звијезда“ со генерации е присутно на хрватскиот пазар.
Во рамките на изложбата Van Gogh Alive Zagreb се наоѓа и Собата на сончогледите, мултимедијален простор што им овозможува на посетителите да ја доживеат уметноста преку светлосни ефекти и рефлексии.
По повод јубилејот, „Звијезда“ подготви и награден конкурс, во чии рамки во текот на кампањата ќе подели вкупно 110 влезници за изложбата Van Gogh Alive Zagreb.