
Приходите на „Мерск“ во третиот квартал пораснаа за 27% и достигнаа 18,1 милијарди долари, односно околу 16,7 милијарди евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Приходите на компанијата „Мерск“ во третиот квартал пораснаа за 27%, односно за 3,9 милијарди долари, и достигнаа 18,1 милијарди долари (околу 16,7 милијарди евра), во споредба со 14,2 милијарди долари година дена порано.
Сегментот Океан придонесе за растот со 3,4 милијарди долари, додека сегментите Логистика и услуги и Терминали додадоа 505 милиони, односно 71 милион долари приход.
Подобрите резултати, пред сè во сегментот Океан, доведоа до раст на EBITDA на 4,7 милијарди долари (околу 4,3 милијарди евра), во однос на 2,7 милијарди долари претходната година. EBIT порасна на 3,3 милијарди долари (околу 3,0 милијарди евра), од 1,3 милијарди долари година дена порано.
EBIT-маржата достигна 18,1%, што претставува зголемување од 9,1 процентен поен на годишно ниво и 8,1 процентен поен во однос на претходниот квартал.
Слободниот паричен тек се зголеми на 2,4 милијарди долари (околу 2,2 милијарди евра), од 771 милион долари година дена порано, главно благодарение на зголемувањето на паричниот тек од оперативните активности за 1,7 милијарди долари, поттикнато од растот на EBIT.
Компанијата очекува раст на глобалниот пазар на контејнерски транспорт од приближно 4% во текот на 2026 година.
Фото: Pexels