
„Унилевер“ извести за пораст на продажбата во третиот фискален квартал, благодарение на зголемената побарувачка за сладоледите Magnum и Ben & Jerry на северноамериканскиот и на европскиот пазар во текот на летните месеци
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Унилевер" извести за пораст на продажбата во третиот фискален квартал, благодарение на зголемената побарувачка за сладоледите Magnum и Ben & Jerry на северноамериканскиот и на европскиот пазар во текот на летните месеци.
Компанијата, со седиште во Лондон и во Ротердам, извести за пораст на приходите за 3,2 отсто, во споредба со 1,8 отсто, колку што предвидуваа аналитичарите на „Блумберг". Порастот на продажбата на сладолед достигна 4,5 отсто, многу повеќе од прогнозираниот пад за 0,8 отсто.
За да се избори со падот на пазарите во развој, кои сочинуваат речиси две третини од вкупната продажба на компанијата, „Унилевер" ги аквизираше компаниите „Долар шејв клаб" и „Севнт џенерејшн", за да го зајакне присуството во категориите нега на мажи и производи за домаќинството.
Според некои извори, компанијата е во судир со трговскиот синџир „Теско" во врска со зголемувањето на цените, што беше предизвикано од брегзит, поради што производите на „Унилевер" беа повлечени од интернет-понудата на трговецот. Повеќе од 90 отсто од продажбата, „Унилевер" остварува надвор од британскиот пазар.