
Францускиот козметички гигант „Л’Ореал“ планира да инвестира речиси 300 милиони евра во Франција во периодот од 2027 до 2029 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Францускиот козметички гигант „Л’Ореал“ планира да инвестира речиси 300 милиони евра во Франција во периодот од 2027 до 2029 година, пренесува весникот „Ле Фигаро“.
Инвестициите се наменети за поддршка на еколошката транзиција на производните локации на компанијата, за зајакнување на истражувачките и иновациските капацитети, како и за понатамошен развој на деловните активности, соопшти компанијата што стои зад брендовите Garnier, Maybelline и Lancôme.
Иако „Л’Ореал“ не ја прецизираше распределбата на средствата по поединечни проекти, компанијата наведе дека дел од вложувањата ќе бидат насочени кон остварување на целта до 2030 година во сите производни процеси да користи 100% рециклирана или повторно употребена вода.
Компанијата, која во третиот квартал забележа силен раст на приходите од 11,9%, поттикнат од растот на побарувачката во сите деловни дивизии и региони, вклучувајќи ја и Кина, планира и модернизација на своите истражувачки лаборатории.
Вложувањата ќе опфатат продолжување на развојот и примената на вештачката интелигенција (AI), како и набавка на нова научна и истражувачка опрема.
Франција е трет најголем пазар за „Л’Ореал“, каде што компанијата произведува повеќе од четвртина од своето глобално производство во 11 фабрики.
Во текот на 2025 година, „Л’Ореал“ на глобално ниво инвестираше 1,5 милијарди евра, што претставува 3,4% од вкупниот приход на компанијата.
Фото: InStore