
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На настанот на брендот Wilkinson беше нагласено дека поздравиот живот не бара големи промени, туку започнува со мали и доследни одлуки.На настанот на брендот Wilkinson беше нагласено дека поздравиот живот не бара големи промени, туку започнува со мали и доследни одлуки.
Во време кога секојдневието се одвива со забрзано темпо, меѓу деловните обврски, состаноците и семејните активности, грижата за себе на листата приоритети често ја оставаме за некој друг ден. Настанот „Во свој ритам – здрави навики во динамично време“ на брендот Wilkinson беше посветен на потсетувањето дека поздравиот живот не мора да подразбира големи промени, строги правила и дополнителни часови во веќе преполниот распоред, туку дека започнува со мали и доследни одлуки.
Настанот вклучуваше и предавање на проф. д-р Саша Плеќевиќ – Dr Feelgood, кој објасни дека редовното вежбање е важно, особено кај оние што имаат 40 и повеќе години.
„Дали знаете како секој ден да ги потрошите своите 86.400 секунди? Зоната на здравје подразбира редовно вежбање, правилна секојдневна исхрана и квалитетен сон и сите би требало тоа да го применуваат“, порача проф. д-р Плеќевиќ.
Тој посебно нагласи дека поздравиот начин на живот не бара многу време, ниту подразбира избор меѓу интензивен тренинг и целосно отсуство на физичка активност.
Клучот е во пронаоѓањето мерка и ритам што одговараат на индивидуалните можности и потреби, со подеднакво внимание посветено на секојдневната нега и грижата за себе.
При оваа прилика, на деловната публика ѝ беше претставен бричот Wilkinson Hydro 5, кој со пет сечила обложени со јаглерод и резервоар со хидратантен гел овозможува прецизно и попријатно бричење, со нега на кожата.
Дружењето го заокружи музичкиот настап на саксофонистот Данило Ќириќ – Danilo Sax, а гостите имаа можност да се запознаат со линијата бричеви Wilkinson Hydro 5 и да го доживеат спојот на современ стил, нега и машка рутина преку различни активации организирани во „АК Компресор“, во салонот на автомобилите Changan.
Фото: Лука Јанкоски