
„Нелт Ангола“ им врачи средства на победничките стартапи на програмата Desafio Genial – Geração Digital во Луанда, реализирана во партнерство со UNICEF.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На финалето на третото издание на програмата Desafio Genial – Geração Digital („Генијален предизвик – Дигитална генерација“) во Луанда, компанијата „Нелт Ангола“, членка на „Нелт Груп“, им врачи средства на победничките стартапи Janelas para a Alma и AquaConnect. Секој тим доби по 1,5 милиони анголски кванзи (Kz).
Стратешкото партнерство на „Нелт Груп“ и UNICEF опфаќа четири земји – Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Ангола. Партнерството во Ангола започна во декември 2025 година, а оттогаш во развојот на дигиталните и претприемничките вештини на 1.000 млади луѓе се вложени 110.000 американски долари.
Програмата Desafio Genial – Geração Digital е поддржана во рамките на соработката во Ангола и е дел од глобалната иницијатива на UNICEF – Youth Challenge. Програмата им обезбеди на младите менторска поддршка, техничка обука и помош во развојот на бизнисот, за да ги претворат своите идеи во одржливи потфати што придонесуваат за заедницата.
Стартапот Janelas para a Alma е иницијатива насочена кон зачувување на здравјето на очите кај децата преку рано откривање и превенција на страбизмот, како и подобар пристап до прегледи на видот. AquaConnect развива дигитална платформа што на жителите на Луанда и околината им го олеснува пристапот до вода за пиење, поврзувајќи ги со локалните добавувачи и превозници што ја испорачуваат водата со цистерни.
Борис Мачак, потпретседател на „Нелт Груп“ за африканските пазари, им честиташе на финалистите за посветеноста и иновативните идеи и им се заблагодари на партнерите за придонесот во реализацијата на програмата.
„Како компанија што долги години работи и инвестира во Ангола, свесни сме за својата одговорност кон локалните заедници и идните генерации. Преку стратешкото партнерство со UNICEF во Ангола и поддршката на програмата Desafio Genial вложуваме во вештините, креативноста и претприемничкиот дух на младите. Веруваме дека континуираното вложување во млади таленти придонесува за долгорочниот општествен и економски развој на Ангола“, рече Мачак.
Во ноември финалистите ги посетија компаниите „Нелт Ангола“ и „Кенди фактори“. Членовите на менаџерските тимови на двете компании водеа сесии за маркетинг и дигитално работење, а за време на обиколката на погонот на „Кенди фактори“ финалистите се запознаа и со процесот на производство.
Со поддршката на програмата Desafio Genial, „Нелт Груп“ го потврдува своето уверување дека вложувањето во младите е воедно и вложување во иднината на Ангола. Со поттикнување на претприемништвото, иновациите и развојот на вештините, компанијата настојува да им отвори нови можности на младите во Ангола и да придонесе за одржливиот општествен и економски развој на земјата.
Фото: UNICEF Ангола