
Групацијата „Туш“, со своите финансиски доверители, договори репрограмирање на финансиските обврски до 2020 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Туш", со своите финансиски доверители, договори репрограмирање на финансиските обврски до 2020 година.
Како што соопштуваат од групацијата со договорот е обезбеден понатамошен развој на групацијата „Туш", кој носи позитивен ефект за финансиските доверители, на деловните партнери и на купувачите, а воедно ќе овозможи понатамошен развој на работењето на трговскиот дел од групацијата. Со него се овозможуваат зголемени вложувања во ширењето на малопродажната мрежа и реновирање на постоечките објекти, под услов вложувањата да се однесуваат на развојот на технологијата.
Договорот вклучува отплата на каматата и главнината, со постепено намалување на долгот.
Од групацијата истакнуваат дека управувачкиот тим во текот на 2015 година, на чело со Мирко Туш, успеа да го почне трендот на работење и со тоа да постави добри темели за завршување на деловната стабилизација на групацијата.