
Компанијата „Делез“ – Србија, успешно го воведе информативниот систем – САП, кој во значителна мера ќе овозможи подобро разбирање на потребите на купувачите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Компанијата „Делез" – Србија, успешно го воведе информативниот систем – САП, кој во значителна мера ќе овозможи подобро разбирање на потребите на купувачите.
Како што соопштија од компанијата, имплементацијата на овој систем, во значителна мера ќе го унапреди и работењето, а особено ќе влијае на поефикасна координација со доставувачите и поквалитетно управување со асортиманот. Како што истакнаа од „Делез" – Србија, компанијата отсега ќе може да биде рамо до рамо со водечките светски трговски синџири.
Во минатите две години, мултидисциплинираниот тим на експерти напорно работеше на изградба на системот САП во нашата компанија. Системот САП на компаниите им носи многу поволности како што се: поедноставни и централизирани процеси, точно и брзо прибирање на информации, автоматизација на одредени процеси, флексибилност и подобро управување со асортиманот и цените, како и повисок степен на интеграција. Локалната имплементација на САП придонесува за стабилност на целиот пазар, како преку зголемување на ефикасноста на компаниите што го имаат воведено овој систем, така и преку подобрата стабилност и поврзаност со доставувачите. Секако, постојат и многу поволности и за крајните потрошувачи, кои ќе ги почувствуваат придобивките од овој систем, првенствено од подоброто управување со асортиманот, промоциите и цените, истакнува Милош Јауковиќ, потпретседател за логистика и управување со деловните процеси во „Делез" – Србија.