
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во 1997 година во Македонија пристигна еден од најпознатите светски синџири за брза храна – McDonald’s. Со отворањето на првиот ресторан во Скопје, македонските потрошувачи за првпат добија можност производите на глобално препознатливиот бренд да ги купуваат и на домашниот пазар.
Отворањето предизвика голем интерес кај јавноста. Во време кога присуството на големи меѓународни брендови во земјава сè уште беше ограничено, McDonald’s за многумина претставуваше симбол на новите потрошувачки трендови и постепеното отворање на македонскиот пазар кон светот.
Особено голем интерес имаше кај помладите генерации. Посетата на ресторанот во тоа време за многумина не значеше само оброк, туку и ново искуство – од препознатливиот ентериер и амбалажата до хамбургерите и помфритот кои дотогаш најчесто ги гледале во странските филмови и реклами.
Со текот на годините, McDonald’s ја прошири својата мрежа во Македонија. Во моментот кога синџирот престана да работи во земјава имаше вкупно седум ресторани – шест во Скопје и еден во Охрид.
По 16 години присуство на македонскиот пазар, на 14 мај 2013 година сите ресторани беа затворени.
Затворањето следуваше по прекинот на франшизниот договор меѓу „Мекдоналдс Јуроп“ и македонската компанија „СЈ“, која управуваше со рестораните во земјава. Од „СЈ“ тогаш соопштија дека објектите се привремено затворени и дека се бара решение за повторно започнување со работа.
До повторно отворање, сепак, никогаш не дојде.
На 12 јуни 2013 година од рестораните беа отстранети и ознаките на McDonald’s, со што практично беше означен крајот на присуството на синџирот во Македонија.
И повеќе од една деценија подоцна, првиот ресторан и периодот кога McDonald’s работеше во земјава остануваат дел од сеќавањата на многу граѓани, особено на генерациите кои растеа во деведесеттите и во првата деценија од 2000-тите.