
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Технологии кои ја менуваат малопродажбата е темата на која ќе говори Дарко Кркач на 11 FMCG Summit кој ќе се одржи на 30 октомври во „Александар Палас“
Кркач ќе презентира решенија во областа на електронските цени (ESL), со акцент на нивните предности и практични примени во трговијата. Ќе биде прикажано и PIS mobileBOOM решението. Дополнително, ќе се претстават примери на оптимизација и поедноставување на процесите, како што како што се автоматска проверка на кредитни лимити и автоматско следење и контрола на залихи.
Дарко Кркач е консултант за стоковно-материјално работење во PIS d.o.o., каде што раководи со проекти, интеграции и аквизиција на нови корисници. Во текот на повеќе од 20 години кариера, работел во низа индустрии – од FMCG, прехранбена, текстилна и козметичка, па сѐ до информатичка и медиумска – стекнувајќи широко и практично искуство во бизнис процесите.
Тој е дипломиран инженер за патен сообраќај и логистика. Кариерата ја започнал во реалниот сектор, каде што го изминал патот од магационер до директор на логистика. Последните девет години се специјализирал за ИТ секторот, со фокус на WMS системи, магацинско и стоковно-материјално работење, набавка, големопродажба, малопродажба и производство.
Учествувал во бројни имплементации и дигитални трансформации за клиенти како што се Feroterm, Marjan Voće, Mikronis, Sancta Domenica / Big Bang, Studenac и многу други, преку соработка со компании како Agrokor / Fortenova Grupa (Tisak и A007), Styria (Večernji list, 24sata, Poslovni dnevnik), Tomsoft и PIS – Пословно информатички системи.
Дарко е познат по комбинацијата на богато теренско знаење, систематски пристап и способност за ефикасно водење проекти. Покрај долгогодишната практика, континуирано се усовршува на едукации од областа на ИТ, комуникацијата и менаџментот, со што дополнително го зајакнува квалитетот на имплементациите кои ги води.
